Човековите права се во фокусот на втората епизода од серијалот #ГрадимеИдеи. Во видеото зборува д-р Елена Михајлова Стратилати [од катедрата на меѓународно јавно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“].
Плејлиста со 7 кратки видео залчиња во кои д-р Михајлова зборува за концептот на човекови права, за предизвиците со кои се соочуваат човековите права денеска, како и за меѓународното право и човековите права.
[1:40] Што се човековите права, кој ги доделува, кој ги штити и кој најчесто ги прекршува? Градиме идеи [епизода 2, дел 1]
[1:19] Дали и во која мера се важни човековите права во меѓународниот систем? Градиме идеи [епизода 2, дел 2]
[1:42] Каква улога (може да) играат човековите права во креирањето на надворешната политика на државите? Градиме идеи [епизода 2, дел 3]
[5:07] Дали човековите права може да се критикуваат како западноцентрични? Градиме идеи [епизода 2, дел 4]
[2:37] Кој е најголемиот предизвик за човековите права во времето во кое ние живееме? Градиме идеи [епизода 2, дел 5]
[0:41] Каква улога би требало да имаат човековите права во македонската надворешна политика? Градиме идеи [епизода 2, дел 6]
[1:31] Како би го оцениле начинот на кој Македонија се справи со бегалската криза во 2015 година?