Стратешки цели и мисија

Член 1 – Институт за глобални политики и право е основан на 30 Мај 2017 година. Здружението работи на полето на меѓународното право и меѓународните односи со особен фокус на Балканските држави и Македонија.

Нашата мисија е да допринесеме кон постигнување на целите поставени во Членот 1 од повелбата на Обединетите нации.


Поважни стратешки цели на здружението се:

  • да стимулира јавна дебата за прашања од областа на меѓународни односи и меѓународно право;
  • да придонесе кон унапредување на процесите на носење одлуки во областа на меѓународни односи и меѓународно право;
  • да влијае врз институциите во насока на разбирање, прифаќање и примена на меѓународното право и мирното решавање на спорови;
  • да промовира постоечки и да развива нови, креативни пристапи во полето на меѓународни односи.

За да ги постигнеме овие цели користиме методи како: истражувања и анализи, полиси пејпери и полиси брифови, организирање на јавни настани, конференции, тренинзи, семинари, симулации итн.