Постои потреба и волја да се менува законската рамка во корист на професионалните дипломати

На 28.06.2019, се одржа јавна трибина на тема „#МКДипломатија: Кон професионална дипломатската служба“, во организација на Член 1 Институт за глобални политики и право.

Лазар Поп Иванов, ко-претседател на Член 1 и дел од истражувачкиот тим, ги презентираше наодите од истражувањето кое имаше за цел да ја анализира состојбата на дипломатската мрежа и профилот на македонските амбасадори, фокусирајќи се на периодот 2015 до 2019 година. Според наодите во периодот 2015 до 2018 доминираат политичките назначени амбасадори, додека односот во 2019 година е во корист на професионалните дипломати, но со значителен број на упразнети амбасадорски места. Професионалните амбасадори во просек поминуваат 16 години во МНР и имаат служено во скоро две други мисии, пред прв пат да бидат назначени на амбасадорска позиција. Во однос на политички назначените амбасадори, МНР нема посебни акти кои ги утврдуваат критериумите за дел од политички назначените амбасадори (според член 35-а, став 3). Дополнително, во периодот од 2015 година до март 2019 година не е извршена поединечна евалуација со која се оценува работата на шефовите на дипломатските претставништва. Не е донесена ни Уредба со која се оценува работата на шефовите на дипломатските претставништва.

Според Поп Иванов, професионализацијата на македонската дипломатска мрежа е во согласност со заложбите за професионална јавна администрација, професионалните кадри имаат искуство во рамките на МНР, и оттаму би требало да бидат поподготвени да навигираат низ се покомплексниот свет на меѓународна политика и конечно на овој начин се овозможува континуитет и конзистентност во спроведување на надворешната политика.Г-дин Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи, ја потенцирше заложбата на министерството во поледните години за креирање на професионална дипломатска мрежа, која ќе биде резистентна на политичките влијанија. Министерството, кое работи на нов текст на Законот за надворешни работи, има намера да го доутврди, односно зголеми бројот на професионални дипломати.

Г-дин Жерновски посочи дека министерството во периодот по смена на власта, се фокусира на подобрување на меѓусоседските односи, но дека се работи и на подобрување на дипломатската мрежа, преку унапредување на мерит системот.

Г-а Ивана Туфегџиќ, пратеничка и член на собраниската комисија за надворешна политика зборуваше за улогата на Собранието во процесот на назначување на шефови на мисии. Таа посочи дека иако Собранието не треба да има одлучувачка моќ во процесот на назначување, сепак во законот треба да се вклучи правна основа за сослушување на кандидатите. Таа повика на поголем интерес од граѓанските организации и медиумите, во оној дел од собраниската постапка кој е отворен за јавноста.

Д-р Јулија Брсакоска-Базеркоска, вонредна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од катедрата на меѓународни односи ја поддржува идеја за професионализација на македонската дипломатска мрежа објаснувајќи дека професионалните кадри го намалуваат ризикот од внатрешен конфликт, а истовремено ја носат институционалната меморија. Таа ја поздрави активноста на Министерот во изминатиот период во процесот на застапување на државата, а во контекст на преговорите со ЕУ, и таа посочи дека ефектот ќе беше поголем, доколку министерот ја имаше поддршката од шефовите на дипломатските мисии, во градови како Берлин или Копенхаген.

Г-а Брсакоска-Базеркоска повика на усвојување на долгорочна стратегија за професионализација на дипломатија, која освен назначувањето на амбасадори, ќе опфаќа и политики на вработување и натамошнп градење на капацитетите меѓудругото преку Дипломатската академија.

Настанот го спроведува Член 1 Институт за глобални политики и право во рамки на проектот „#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа “, финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, а финансирана од Европска Унија.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.