Придонесот на Член 1 во дебатата за професионализација на македонската дипломатија

Почитувани пријател(к)и, Министерството за надворешни работи најави дека се подготвува нов закон кој ќе овозможи создавање на професионална дипломатија, а во предлог верзија ќе стане достапен во Септември/ 2019 година (линк). Во пресрет на ова предлог решение, сакаме да ве потсетиме за активностите кои #Член1 ги спроведе за да придонесе кон промена на моменталната ситуација и во полза на професионализација на дипломатската служба.

[колумни]

Професионализација на дипломатијата на мали држави, Борјана Филиповска, Септември 2019 [линк]

[De]profesionalizacija diplomatske sluzbe u Srbiji, Srdjan Hercigonja, Јуни 2019 [линк]

Поглед кон иднината – македонската професионална дипломатија како иден дел од Европската служба за надворешни работи, д-р Јулија Брсакоска Базеркоска, Јуни 2019 [линк]

Три причини за професионализација на македонската дипломатија, Кристијан Фидановски, Април 2019 [линк]

ЗА професионализација на македонската дипломатска мрежа, Лазар Поп Иванов, Февруари 2019 [линк]

[видеа]

#ГрадимеИдеи видео со Аделина Марку, директорка на дипломатската академија МНР, Април 2019 [линк]

#ГрадимеИдеи видео со НЕ Рејчел Галовеј, Британската амбасадорка во Северна Македонија, Јули/Септември 2019 [линк]

[визуелизации]

Визуелен приказ на патот кој професионалните дипломати треба да го поминат пред да се стекнат со право да бидат назначени за амбасадори, наспроти патот на политичките дипломати, Март 2019 [линк]

Визуелен приказ на соодносот меѓу професионални и политички дипломати, според моменталниот закон за надворешни работи, Април 2019 [линк]

Галерија на постери со споредбени искуства за соодносот на политички и професионални дипломати од други држави, Мај 2019 [линк]

Инфографик со клучните наоди од истражувањето: МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа, Септември 2019 [линк]

Споделување на информации добиени од државните институции кои се задолжени за креирањето на македонската надворешна политика [линк] и достапни на профилот на Инстаграм на член 1 [линк]

[настани]

Организирана јавна трибина на тема: МКДипломатија: кон професионална дипломатска служба на која присуствуваа претставници од МНР [г-дин Жерновски, заменик министерот за надворешни работи], претставници на Собранието [г-а Ивана Туфегџиќ], претставници од академијата [д-р Јулија Брсакоска Базеркоска], Јуни 2019 година.

Заклучоците од настанот достапни на следниот линк

[истражување]

Во периодот од Јануари 2019 година до Септември, тимот на #член1 го спроведуваше истражувањето кое имаше за цел да ја прикаже моменталната состојба во македонската дипломатија. За потребите на ова истражување се испратија 70 прашања до државните институции користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Дополнително, беа спроведени и интервјуа со вработени во институциите кои ја креираат надворешната политика.

[документ за јавни политики]

Објавена публикација која ги содржи резултатите од истражувањето на #Член1 како и дополнителни теоретски аргументи „за“ професионализација на дипломатската мрежа. Достапно на овој линк, Септември 2019.

[академски труд]

Овој академски труд е пред создавањето на #Член1, но ни помогна да ја смислиме рамката за овие активности. МК Дипломатија: помеѓу професионализмот и политиката, Марија Мирчевска и Лазар Поп Иванов, [линк], 2013 година

Им се заблагодаруваме на сите оние кои: напишаа колумна, создадоа визуелизација/видеа, ни дадоа интервју, и ни помогнаа со идеи и коментари за како да ги спроведуваме активностите.

Ви благодариме, тимот на #Член1 и #МКДипломатија

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.