Почитувани, согласно Статутот на Член 1 – Институт за глобални политики и право распишуваме повик за апликации за членови на Советодавниот одбор на организацијата.
Советодавниот одбор на Член 1 содржи најмалку 3 а најмногу 7 членови од редот на афирмирани стручни лица во областа на меѓународните односи и меѓународното право, а да не се членови на Здружението.
Мандатот на членовите на Советодавниот одбор на Член 1 трае 3 години со право на реизбор.
Доколку сте заинтересирани за оваа волонтерска позиција, пратете мејл со вашата апликација (составена од вашата кратка биографија и мотивациско писмо) на article1insitute@gmail.com не подоцна најдоцна до 1ви јуни 2020 година.