Тим

Во организациската структура на „Член 1“ централно место земаат три тела: претседателството, советодавниот одбор, и истражувачкиот тим на организацијата.

Претседателството на организацијата е составено од Лазар Поп Иванов и Марија Мирчевска.

Лазар

Лазар е магистер по меѓународни односи од King’s College London, и стипендист на програмата Chevening во Македонија. Дополнително, Лазар има магистрирано и во областа на меѓународното право и меѓународните односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Доколку сакате да стапите во контакт со Лазар неговата e-mail адреса е: lazepopivanov@gmail.com 

Марија

Марија магистрира на University of Edinburgh на програмата Global Crime, Justice and Security, а во моментов ја завршува нејзината магистерска теза на програмата меѓународно право и меѓународни односи на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, од каде веќе се има здобиено со титулата дипломиран политолог.

Доколку сакате да стапите во контакт со Марија, нејзината e-mail адреса е:  mircevska.marija@gmail.com

Советодавниот одбор на организацијата е составен од академски кадар и тоа:

Професорката Елена Михајлова, која предава на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со академски фокус во човековите права, говорот на омраза, културни идентитети и транснационална правда.

Бранка Хаџи Мишева, која е докторски студент на Универзитетот во Павија, Италија. Фокусот на нејзините докторските студии е анализа економски податоци, а има магистерска диплома од универзитетот Католика во Милано каде се фокусирала на глобални бизниси и одржлив развој. Дополнително Бранка има и магистратура на темата Бизнис анализа од Универзитетот Стафордшир во Англија.

Методиј Хаџи Јанев, кој е доктор по меѓународно право. Главен фокус на неговите истражувања се меѓународно правните аспекти на справувањето со хибридни и асиметрични закани, заштита на критична инфраструктура и кризен менаџмент, сајбер безбедноста и примената на автономни системи на вооружување-роботика во современите операции. Тој е ветеран, офицер и прв командант на македонските специјални сили во Ирак (кои беа и наградени од страна на Државниот Секретар за одбрана на САД), одговорен за обуката на македонски специјалци декларирани за воени мисии од 2004 до 2010 година и креатор на првите правила на однесување на македонските вооружени сили во Авганистан.

board-article-1

Финално во организацијата имаме и млад истражувачки тим од пет истражувачи кои доаѓаат од областите на: меѓунардно право, меѓунардни односи, економија и глобални финансии.

Доколку сакате да стапите во контакт со организацијата, пишете ни на: article1institute@gmail.com