#ГрадимеИдеи

#ГрадимеИдеи е програма која Член 1 сака да ја развива со цел да промовира идеи, теории и концепти од меѓународните односи и меѓународното право. Со оваа програма сакаме на граѓаните да им ги приближиме темите од меѓународното право и светската политика.

  • Во  првата епизода од овој серијал ви ја претставуваме д-р Јулија Брсакоска-Базеркоска, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Катедрата на меѓународни односи.
  • Човековите права се во фокусот на втората епизода од серијалот. Во видеото зборува д-р Елена Михајлова Стратилати [од Катедрата на меѓународно јавно право на Правниот факултет „Јустинијан Први“].
  • Во третата епизода, за македонската дипломатија зборува Аделина Марку, Директорка на Директоратот за дипломатска академија во Министерството за надворешни работи.
  • Британската амбасадорка во Северна Македонија, Н.Е. Рејчел Галовеј, во четвртото видео зборува за британското искуство во градење на професионална и репрезентативна дипломатска мрежа.