На овој дел од веб страната на ЧЛЕН 1, може да ги најдете сите информации, мислења, ставови, документи и визуелизации кои се дел од проектот МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа во Македонија.
МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа во Македонија е нашиот најнов проект чија главна цел е да придонесе кон унапредување на политиките во областа на надворешната политика и дипломатијата.
Проектот се стреми да допринесе кон зголемување на фондот на достапни информации поврзани со нашата дипломатска мрежа. За да овозможиме поголема достапност на информации ќе спроведеме истражување преку кои ќе добиеме појасна слика за институционалната структура на македонската надворешна политика, како и последиците кон доброто владеење од назначувањето на политички дипломати.
Главните активности на проектот се:
- спроведување на истражување, со цел да се добие целосна слика за институционалната структура на македонската надворешна политика,
- информирање на јавноста и промовирање на идејата за професионална дипломатска мрежа,
- активности за застапување насочени кон носителите на одлуки.
Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.