#Член1 ви го претставува новото #ГрадимеИдеи видео, овојпат со Аделина Марку, Директорка на Директоратот за дипломатска академија во Министерството за надворешни работи. Во фокусот на ова видео е македонската дипломатија.
Во видеото Аделина Марку дава одговор на прашањата:
- Кој е процесот кој дипломатите од кариера треба да го поминат во рамките на МНР пред да се стекнат со право да бидат назначени за амбасадор?
- Каков тип на обуки, предавања, вежби дипломатската академија подготвува и спроведува за дипломатите од кариера во рамките на МНР?
- Дали во моментов имаме доволно дипломати од кариера кои може да ги опслужат дипломатските претставништва на нашата држава?
- Дали дипломатската академија има доволно капацитети да обучува нови професионални дипломати кои би ги потполниле сите амбасадорски позиции на нашата држава?
- Како би ја оцениле застапеноста на жените во надворешната политика на нашата држава? Што може да се направи за да се подобри ситуацијата?
Повеќе информации за проектот #МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа во Македонија, во чии рамки е изработено видеото може да најдете на следниот линк:https://article1.mk/mkdiplomatija/