[Труд] МК Дипломатија: помеѓу професионализмот и политиката

Трудот „МК Дипломатија: помеѓу професионализмот и политиката“ е објавен во 2013 година, во 43-от број на публикацијата „Политичка мисла“ посветено на „надворешната политика и аспекти од меѓународната дипломатија“.

Целиот текст на трудот [10 страни] е достапен на овој линк: МК дипломатија

Автори на трудот се: Марија Мирчевска и Лазар Поп Иванов.

Трудот се фокусира на дебатата за методологијата на избор и регрутација на дипломатски претставници од рангот на амбасадори, каде е видлив судир помеѓу два концепта, и тоа: политичко наспроти професионално назначување. Трудот опфаќа преглед на развојот на критериумите за избор на амбасадори во македонските дипломатски претставништва.Се занимава и со утврдување на разликите во подготвеноста на амбасадорите да ги извршуваат дипломатските цели во зависност од нивниот принцип на регруатација. Трудот ја проучува меѓународната практика за назначување амбасадори и презентира различни ставови на стручната и политичката јавност во врска со законските промени во соодносот на политичка, односно професионална застапеност во процесот на назначување амбасадори. Целта на трудот е да покаже дека постапката што ја поминуваат дипломатите од кариера, со цел за стекнување на звањето амбасадор, ги зголемува шансите за професионално исполнување на целите на дипломатијата во надворешните односи.

Трудот е актуелен и денеска, бидејќи законската регулативa со која се регулира односот меѓу професионално и политички назначените дипломати е сеуште непромената.

Доколку сакате да прочитате повеќе трудови од публикацијата „Политичка мисла“ посветено на меѓународните односи линкот можете да го најдете тука

 

One comment

  1. […] Еволуцијата на законот за надворешни работи ни покажува дека од 2006 до денеска во неколку наврати се менува соодносот помеѓу амбасадори кои ќе бидат назначени од рангот на дипломатско конзуларните службеници со највисоки дипломатски звања во министерството (тн. дипломати од кариера) и тн. политички назначените дипломати. Во 2006 година законот предвидувал најмалку 2/3 од вкупниот број на дипломати да бидат дипломати од кариера,  во 2008 година законот се менува и регулира најмалку 1/4 од вкупниот број на дипломати да бидат дипломати од кариера. За жал, ниту моменталната законска рамка не е значително подобра, и истата предвидува најмалку 1/3 од вупниот број на дипломати да бидат кариерни дипломати а останатите да бидат назначени од тн. политички дипломати. Моменталното законско решение овозможува во дипломатската мрежа да доминираат „политички назначените дипломати”. […]

    Like

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.