Отворено писмо од Член 1 до претседателските кандидати

Член 1 – Институт за глобални политики и право би сакал да ја искористи претстојната кампања за претседателските избори 2019 година, за отворено да ги запраша кандидат(к)ите за оваа функција прашања кои веруваме дека се дел од нивниот потенцијален делокруг на работа, а се важен дел од работата на нашата организација и веруваме вежни за општеството во кое живееме.

  1. Дали како претседател(ка) на државата ќе застанете зад предлогот дипломатската мрежа на MK да се професионализира, и да се промени моменталниот закон за надворешни работи на сметка на поголема застапеност на професионалните дипломати?
  2. Дали како претседател(ка) на државата и претседател(ка) на Советот за националната безбедност ќе го поставите проблемот со загадувањето на дневниот ред на Советот, и ќе ја промовирате идејата загадувањето да се третира како прашање од национална безбедност?
  3. Дали како претседател(ка) на државата и претседател(ка) на Советот за националната безбедност ќе поставите еден од членовите на Советот на безбедност кој ќе биде задолжен исклучиво за закани поврзани со животнаата средина?
  4. Дали како претседател(ка) на државата се обврзувате листата на помилувани лица да ја креирате заедно и во консултација со граѓанските организации кои работата на мониторирање на судски процеси, заштита на човекови права, заштита на правата на маргинализирани групи, народниот правобранител и останати чинители од граѓанскиот сектор?

Овие отворени прашања ги поставуваме исклучиво со цел да допринесеме овие теми да бидат дел од пошироката општествена дискусија и да се разговараат и дебатираат како дел од претседателските избори.

Leave a comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.