[Член 1] Отворен повик за есеи

„Член 1 – Институт за глобални политики и право“ како истражувачка организација сака да придонесе кон апелот граѓаните да се придржуваат до социјалното дистанцирање и да поминуваат повеќе време дома. Оттаму, решивме да го отвориме овој повик за есеи, со желба да допринесеме кон збогатување на дебатата за влијанието на COVID19 врз соработката на меѓународните актери, но и кон акцијата #СедиДома #ОстаниДома. 

Генерални информации:

  1. Есејот треба на биде напишан на македонски јазик и да биде помеѓу 800 и 1400 зборови.
  2. Есејот треба да биде напишан следејќи ги стандардите за академско пишување.
  3. Есејот треба да биде напишан на темата: „Меѓународна соработка во време на пандемија“.
  4. Учество во есејот може да земат истражувачи од полето на политиката и правото, со интерес во меѓународната политика и меѓународното право.
  5. Есеите треба да ги доставите на email адресата: article1institute@gmail.com до 15ти мај 2020 година.
  6. Есејот треба да биде придружуван со еден параграф вашата куса биографија и една ваша фотографија која ќе биде употребена за објавата на http://www.article1.mk

Награда:

Есејот кој ќе биде рангиран како најдобар ќе ја добие следната награда: објава на текстот на вебсајтот на член 1 и три месечна дигитална претплата на весникот New Your Times.

Повеќе информации за темата:

Генералната тема за овој отворен повик за есеи е „Меѓународната соработка во време на  пандемија“. Оваа тема е мошне широка, и затоа препорачуваме истражувачите да најдат подтема на која ќе се фокусираат во своите есеи. Како пример, би сакале да ви понудиме неколку поспецифични подтеми на кои може да се фокусирате:

  1. Меѓународна соработка во рамките на меѓународните организации; 
  2. Билатерална и/или мултилатерална меѓудржавна соработка;
  3. Меѓународна соработка меѓу недржавни актери во време на коронавирус пандемијата;
  4. Други режими на меѓународна соработка;
  5. Меѓународната соработка во областа на здравство/образование и наука/социо-економско заздравување на општествата/ трговија/ безбедност во време на коронавирус пандемијата.

Повеќе информации за изборот на најдобар есеј:

Претседателството на организацијата „Член 1“ ќе ги разгледа сите есеи и според овие критериуми ќе го одбере најдобро рангираниот есеј:

1 до 3 поениЕсејот покажува основно познавање и анализа на темата. 
Есејот нуди основна аргументација, и недоволно добро развиени примери во поддршка на темата.
Есејот има некаква структура.
Есејот нема јасно дефинирана подтема на која се фокусира. 

4 до 6 поени
Есејот покажува добро познавање и анализа на темата. 
Есејот нуди аргументација и примери во поддршка на темата.
Есејот нуди добра структура на есејот.
Есејот се фокусира на една подтема, но не дискутира за подтемата во големи детали.

7 до 10 поени 
Есејот покажува одлично познавање и темелна анализа на темата. 
Есејот нуди јасна и фокусирана анализа која интегрира соодветни примери во поддршка на темата.
Есејот препознава различни перспективи на понудените аргументи.
Есејот нуди одлична структура и формат.
Есејот во големи детали разработува подтема од интерес на овој повик. 

One comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.