Доколку сакате да ја започнете 2021 година, со книга која го предизвикува доминантното status quo толкување на меѓународната политика во САД тогаш „Кој управува со светот?“ од Ноам Чомски е вистинското четиво за вас. Предизвикувајќи ги централните претпоставки врз кои е изградена надворешната политика на САД како и нивното спроведување во пракса, книгата има за цел да ги потсети читателите за историските и моменталните недоследности, грешки, двојни стандарди, активности спротивни на меѓународното право на американската надворешна политика. Во еден дел од книгата Чомски вели „историската амнезија е опасен феномен, не само заради тоа што го потеценува моралниот и интелектуалниот интегритет, но и затоа што го поплочува патот за криминалите кои ни следат“. Се чини дека токму ова „историско освежување“ на нашите сеќавања, е една од главните цели на книгата.
Книгата „Кој управува со светот“ не следи јасна хронологија на настани, ниту пак на процеси или теми. Таа во најголем дел зборува за американската надворешна политика кон Латинска Америка, Иран, нуклеарно вооружување, климатските промени, конфликтот меѓу Израел и Палестина, употребата на дронови, итн. Преку кратки обсервации на наведените теми, Чомски пристигнува до одговор на клучното прашање во книгата („Кој управува со светот?“) , токму во последното поглавје од книгата.
Содржината на книгата и понудените податоци на моменти ќе ве изненадат, на моменти може да почуствувате дека аналогиите и примерите одат предалеку и дека аргументот не е докрај издражан, но дефинитивно ќе продолжите да размислувате на темите кои Чомски ги начнува.

Омилен цитат од книгата: ‘ There is, in fact, a strong case to be made that a prime concern of government is the security of state power from the population…government secrecy is rarely motivated by a genuine need for security, but it definitely does serve to keep the population in the dark’.