Во периодот од 2015 година до денеска, Владата донела одлука за отворање на едно ново дипломатско конзуларно претставништво. Се работи за отворање на амбасадата во Федеративна Република Бразил, со седиште во Бразилија. Одлуката е донесена во 2016 година.
На линкот подолу ја објавуваме информацијата која Член 1 ја доби врз основа на барање за слободен пристап од информации од јавен карактер, за одлуките донесени од Владата за отворање ново дипломатско конзуларно претставништво, во 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 до денот на доставување на ова барање.
Повеќе информации за проектот #МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа во Македонија, во чии рамки е изработен инфографикот може да најдете на следниот линк:https://article1.mk/mkdiplomatija/
———————————————————————————————————————————
Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капцитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.
„Проектот се финансира од страна на Европската унија. Ставовите изразени во оваа колумна не ги одразуваат ставовите на Европската унија“
