[Препорачуваме] Книга: „Светот, како што е“

„Светот, како што е“ е политички мемоар кој ќе ве смести во центарот на најважните дискусии за надворешната политика на САД за време на администрацијата на претседателот Обама. За сите нас кои сакаме да ја следиме надворешната политика на САД овој текст е полн погодок. Книгата е напишана од Бен Роудс, кој од 2009 до 2017 година работи како заменик-советник за национална безбедност во администрацијата на Обама, и како пишувач на говори за кампањата на Обама од 2007 до 2008. „Светот, како што е“ ќе ви даде можност да се потсетите на најважните одлуки кои претседателот Обама ги прави во надворешната политика на САД во неговите два мандати, навигирајќи низ Арапската пролет, Бин Ладен, Иранскиот договор, Кримската криза, војните во Ирак и Авганистан и многу други настани во светот. Уште поважно, оваа книга не збогатува со низа приказни и анегдоти од дуото Обама – Бен, и ни дава добар приказ за како изгледа работењето во Белата Куќа на една ваква позиција. За мене можеби најинтересен дел од книгата се преговорите за подобрување на односите меѓу Куба и САД, преговори во кои авторот имал поголема улога и раскажува во поголеми детали. Книгата завршува со изборите за претседател во 2016 година и какво влијание тие избори имаат врз дел од овие политики во сферата на надворешните работи.

Омилен цитат од книгата: ‘What’s the Obama doctrine? …Don’t do stupid shit’

Наслов: The World As It Is, Inside the Obama White House.

Автор: Ben Rhodes

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.