[Препорачуваме] Книга: „Дали моралните вредности се важни? Претседателите и надворешната политика, од ФДР до Трамп.“

Најновата книга на еден од највлијателните автори во нео-либералната теорија во меѓународните односи Joseph Nye ќе ве однесе на кратка прошетка низ историјата на САД почнувајќи од крајот на втората светска војна до денеска. Преку анализа на одлуките и политиките кои претседателите на САД ги носеле во сферата на  надворешната политика, Joseph Nye се фокусира на етиката и моралните вредности кои ги врамиле тие одлуки. Во оваа книга авторот аргументира дека етичките вредности на лидерите на САД играле голема улога во начинот на кој тие ја врамиле нивната надворешната политика. Авторот нуди и начин (метод) на оценување на претседателската „етика“  во нивната надворешна политика. Nye нуди три димензии според кои предлага да се врши ова оценување, и тоа според нивните: i) намери (цели и мотиви), ii) начини на спроведување на политиките, iii) последици од политиките.

Книгата е лесна за читање, и мошне забавна за сите оние кои имаат интерес за меѓународна политика, право или пак историја. Секако, можеме да најдеме многу несогласувања со начинот на кој Nye ја осмислил оваа методологија на оценување, и со неговите финални оценки, но сепак во тоа е и дел од забавата. Како што кажува и тој самиот на крајот на книгата, секој од нас може да изгради паралелна аргументација и оценка за секој од престедателите почнувајќи со ФДР и заклучно со Трамп. 

Два омилени цитати од книгата:

‘The Roman Empire rested not only on its legions, but also on the attraction of the Roman culture. The Berlin Wall came down not under artillery barrage, but from hammers and bulldozers wielded by the people who had lost faith in Communism. A nation’s soft power rests upon its culture, values, and its policies when they are seen as legitimate in the eyes of others. It can be reinforced by the narratives that a president uses in explaining his foreign policy.’

‘A political ideology is a very handy thing to have. It is a real time-saver, because it tells you what you think about things you know nothing about’.

Наслов: Do Morals Matter? Presidents and foreign policy from FDR to Trump


Автор: Joseph S. Nye, Jr. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.