[Препорачуваме] Книга: The Return of Great Powers: Russia, China, and the Next World War

Од фронтот во источна Украина, преку тензиите во Балтикот и Јужнокинеското море, до одбранбените линии на Тајван,  нуклеарните арсенали на најголемите светски сили,  и новите сфери на политички натпревар како вештачката интелегенција, книгата ‘The Return of Great Powers: Russia, China, and the Next World War’  ги претставува точките на поделба во меѓународните односи и посочува дека светот е веќе во судир помеѓу големите светски сили.

Непосредниот и репортерски стил на авторот заедно со соговорниците/интервјуата од воено-дипломатско-безбедносниот сектор кои сведочат за „новите“ предизвици на меѓународниот поредок, ја прават книгата лесна за читање и со одличен избор од сведоштва од линиите на поделба во светот денеска. Изборот на соговорниците и изворите е најверојатно и најголемата маана на книгата, која на моменти не успева да даде повеќе перспективи на настаните и процесите кои ги опишува. Сепак, информациите и случаите кои ги нуди книгата, особено за Украинската војна и за ситуацијата во Тајван се навистина вредни за нашето време.

Книгата е напишана од Jim Sciutto, кој најверојатно сте го прочитале или пак гледале на програмата на CNN а е нивниот дописник и аналитичар за безбедносни прашања. На моменти, особено во последните поглавја на книгата авторот се обидува да ги стави работите и во перспектива на претстојните (во моментот на издавање на книгата) избори во САД, и важноста од дипломатија, гео-политичко навигирање и градењето сојузништва со други држави и ентитети во овие времиња. Се разбира, од оваа перспектива тие делови од книгата делуваат како далечна епизода на дебатите за надворешната политика на САД; која во моментов, се чини, е фокусирана на друг сет на прашања и приоритети.  

Омилен параграф: ‘if a great power with which you have a common border tries to block you and put you in a cage, then it is not a good idea to stay in the cage – at least you have to try to make sure that nobody locks the cage’

Омилен цитат: The old saying is ‘Great powers don’t bluff’

Leave a comment

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.