Стари аргументи. Нова Влада.

„За“ професионализација на дипломатската мрежа 2.0

Автори на текстот: претседателството на #Член1

Серијал на текстови: МНР 2020 – 2024

Во декември 2019 година, организацијата „Член 1“, по неколку месечното застапување на идејата „за“ професионализација на дипломатската служба, доби покана да учествува во јавната расправа за „новиот“ предлог закон за надворешни работи. Тогашниот предлог закон,  во членот 66 предвидуваше дека од „вкупниот број шефови на ДКП најмногу 80% се именувани од редот на кариерните дипломати“. Оваа предлог-промена ќе значеше дека по подолго време законот ќе предвидува мнозинството дипломати кои би ја претставувале нашата држава би биле професионални дипломати. Овој член ќе беше значително подобрување на моменталната ситуација во однос на професионализацијата на дипломатијата, наспроти она што во тој момент беше, и сеуште претставува актуелно законско решение, кое овозможува во дипломатската мрежа да имаме мнозинство тн. политички назначени дипломати. Да не заборавиме дека моменталното законско решение во законот за надворешни работи: предвидува најмалку 1/3 од вкупниот број на дипломати да бидат кариерни, а останатите да бидат назначени од редот на тн. политички дипломати.  

Идејата македонската дипломатска служба да стане професионална, низ годините ја застапувале бројни новинари, дипломати, граѓански организации, активисти, како и политичари, па оттаму се радувавме на нашиот заеднички успех во нешто што верувавме дека може да биде успешна приказна за професионализација на дел од јавниот сектор.

Набрзина премотуваме од декември 2019 до денеска, и ситуацијата со која се соочуваме е следната: во предлог програмата за работа на Владата 2020 – 2024 воопшто не се спомнува „професионална дипломатска служба“, ниту пак „професионализацијата на дипломатијата“ е ветување кои е дел од партиската програма на социјал демократите на последните избори. Воедно, Алсат телевизија на 13ти септември веќе објави дека предлог законот за надворешни работи ќе се менува, а во која насока ќе одат промените сеуште не се знае. Министерот Османи сеуште не го презентирал мандатното писмо, во кое би ги презентирал приоритетите во неговата работа, за да можеме да добиеме информација дали идејата за професионализација на дипломатската служба останува на политичката агенда. 

Доколку новата влада навистина го ревидира предлог законот, апелираме да остане предложениот минимум кој предвидуваше 80% од именуваните амбасадори да доаѓаат од тн. кариерни амбасадори. Дополнително, процесот на доработка на предлог законот треба да биде инклузивен, и транспарентен за да може да ги отслика најдобрите идеи за регулирање на оваа област. Враќањето на предлог законот назад во МНР не треба да значи чекор наназад кон професионализација на дипломатската служба. 

За да помогнеме во врамување на дискусијата која не очекува (повторно), дозволете ни да аргументираме, зошто професионализацијата на дипломатската мрежа е една од најдобрите политики кои министерството за надворешни работи може да ги направи во моментов:

1) Професионалните амбасадори во Македонија во просек минуваат над 16 години работејќи во Министерството за надворешни работи, и пред да бидат првпат назначени на амбасадорски место веќе имаат служено во барем две други мисии. Ова го научивме преку истражувањето кое го спроведовме како Член 1, а е објавено во септември 2019 година. Оттаму, доколку навистина сакаме да бидеме општество кое го застапува системот на заслуги во кариерниот напредок, мораме да го наградиме работното искуство и да создадеме законска регулатива која ќе овозможува професионалните кадри да се огромно мнозинство во дипломатската мрежа. Впрочем, како граѓани на овваа држава заслужуваме да бидеме претставувани од искусни и професионални кадри во надворешната политика. 

2) Професионална јавна администрација мора да значи и професионална дипломатска мрежа!

Во стратегијата за реформа на јавната администрација (2018-2022),  под општа цел во областа Јавна служба е наведено токму „стручна, професионална и департизирана администрација“. Доколку навистина верувавме во овие заложби за реформи во јавната администрација, тогаш тоа би морало да значи и професионална, департизирана дипломатска мрежа. Патем, нашата држава има релативно мал број амбасади (50) така што професионализацијата на целата мрежа би била мал чекор, но исклучително значаен за да се испрати позитивна порака за реформи во јавниот сектор.

3) Споредбените искуства од други држави треба да не поучат дека вреди да ја професионализираме дипломатската служба. Многу од државите кои сметаме дека имаат добри модели за креирање на јавни политики имаат скоро целосни професионални дипломатски служби. Споредбените примери можете да ги погледнете на овој линк

4) Постоечкиот закон за надворешни работи, се чини дека остава политиката да утврди кој е „добар“ кандидат од тн. политички назначено амбасадори. Ова го велиме бидејќи во истото истражување кое го споменавме погоре, увидовме дека МНР нема акти кои уредуваат што значат термините „афирмирана личност во културата, науката, надворешната политика, меѓународното право итн.“ ниту пак како се мери афирмираноста на една личност во овие области. Токму овие термини се користат за да се утврдат дел од подобните кандидати за амбасадори, а гледаме дека точно прецизирани дефиниции и критериуми не постојат. Оттаму, се остава голем простор дневната политика да ги диктира дефинициите и мерилата за овие поими и назначувања. Затоа, е потребна што поголема професионализација а помала дискреција на политичките чинители во дипломатските назначувања.

За крај, голема колекција на аргументи „за“ професионализација на дипломатската мрежа од повеќе автори е достапна на следниов линк. Го покануваме тимот кој ќе работи на новиот закон за надворешни работи да ги има во предвид овие аргументи кога ќе го обмислува делот за именување на амбасадорите. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.